Би сакале да ве информираме и да ве поканиме на учество на транснационален настан за презентација на проекти предводени од ученици кои се фокусирани на иновативни решенија во земјоделството во рамките на проектот AgriTech Solutions: Иновативно СОО за одржливо земјоделство со р. број 2024-1-RS01-KA210-VET-000244168, финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија.
Главната цел на овој проект е да го унапреди стручното образование и обука (СОО) во одржливото земјоделство преку воведување на учење базирано на проекти (PBL), фокусирајќи се на одржливи и технолошки напредни земјоделски практики, инклузивност и пристапност за сите ученици. Овој проект се стреми да ги спои теоретските сознанија со практични апликации, со што ќе ги опреми учениците со потребните вештини за справување со современите земјоделски предизвици.
Транснационалниот настан има за цел да се прикажат проектите предводени од ученици на поширока публика, вклучувајќи ги засегнатите страни и од Србија и од Северна Македонија, поттикнувајќи прекугранична соработка и размена на знаење.
Презентација на ученички проекти на транснационален настан ќе се организира во периодот од 12-14 декември 2025 година во Средња школа „Свети Трифун“ са домом ученика Александровац, Србија. На транснационалниот настан ќе присуствуваат засегнати страни – ученици, наставници, индустриски професионалци и креатори на политики. од Србија и од Северна Македонија. Овој настан ќе ќе ја олесни размената на идеи, најдобри практики и потенцијални партнерства помеѓу засегнатите страни и ќе поттикне транснационална соработка и вмрежување.
Повелете ве очекуваме!!!!
