Позадина
Во рамките на проектот AgriTech Solutions: Иновативно СОО за одржливо земјоделство со р. број 2024-1-RS01-KA210-VET- 000244168, финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија се реализира активноста 1.3 Предлог за ажурирање на наставната програма.
Главната цел на овој проект е да го унапреди стручното образование и обука (СОО) во одржливото земјоделство преку воведување на учење базирано на проекти (PBL), фокусирајќи се на одржливи и технолошки напредни земјоделски практики, инклузивност и
пристапност за сите ученици.
Овој проект се стреми да ги соедини теоретските сознанија со практични апликации, со што ќе ги подготви учениците со потребните вештини за справување со современите земјоделски предизвици.
Цел на активноста
Целта на активноста е да се развие сеопфатен предлог за ажурирање на наставната програма за СОО врз основа на наодите од истражувањето.
Резултати од активноста
Изготвуваени детални описи на модулите, исходи од учењето и методологии на настава за секоја нова или ажурирана компонента на наставната програма.
Развиен сеопфатен предлог за ажурирање на наставната програма за земјоделско стручно образование и обука која ги вклучува актуелните и новите теми како што се одржливите земјоделски практики, прецизното земјоделство, органското земјоделство, обновливите извори на енергија во земјоделството и интеграцијата на дигиталните технологии.
Применета методологија
Развојот на сеопфатен предлог за ажурирање на наставната програма за земјоделско стручно образование и обука која ги вклучува актуелните и новите теми како што се одржливите земјоделски практики, прецизното земјоделство, органското земјоделство, обновливите извори на енергија во земјоделството и интеграцијата на дигиталните технологии се одвиваше преку:
– Анализа на наодите од спроведеното истражување на постоечката литература и материјали, квалификации и технолошкиот равој во секторот земјоделство за застапеноста на одржливите земјоделски практики, прецизното земјоделство, органското земјоделство, обновливите извори на енергија и употребата на технологија во земјоделството
– Ажурирање на постоечките наставни програми/изработка на нова наставна програма
– Прилагодување на наставните програми кон националните законодавства
Сите документи можете да ги преземете ТУКА (.zip 2.12MB)