Позадина
Во рамките на проектот AgriTech Solutions: Иновативно СОО за одржливо земјоделство со р. број 2024-1-RS01-KA210-VET- 000244168, финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија се реализира обука на наставници за Унапредување на наставата за еколошка одржливост и технолошки напредок
Главната цел на овој проект е да го унапреди стручното образование и обука (СОО) во одржливото земјоделство преку воведување на учење базирано на проекти (PBL), фокусирајќи се на одржливи и технолошки напредни земјоделски практики. инклузивност и пристапност за сите ученици. Овој проект се стреми да ги спои теоретските сознанија со практични апликации, со што ќе ги опреми учениците со потребните вештини за справување со современите земјоделски предизвици.
Цели на обуката
Обуката има за цел наставниците да се стекнат со знаења и вештини неопходни за унапредување на наставата за еколошка одржливост и технолошки напредок. По обуката наставниците ќе работат на дисиминирање на обуката и интегрирање на наставни содржини од одржливите земјоделски практики, прецизното земјоделство, органското земјоделство, обновливите извори на енергија и употребата на нова технологија во стручното образование.
Обуката има за цел наставниците да се стекнат со знаења и вештини неопходни за унапредување на наставата за еколошка одржливост и технолошки напредок. По обуката наставниците ќе работат на дисиминирање на обуката и интегрирање на наставни содржини од одржливите земјоделски практики, прецизното земјоделство, органското земјоделство, обновливите извори на енергија и употребата на нова технологија во стручното образование.
Резултати од активноста
Обучени по 13 едукатори и администратори од партнерски организации во Србија и Северна Македонија, кои ќе играат клучна улога во првичното планирање и последователното спроведување на ажурираната наставна програма.
Нивното вклучување гарантира дека наставната програма е педагошки здрава и усогласена со образовните стандарди и потребите на индустријата и гарантира дека содржината е актуелна, релевантна за индустријата и ги вклучува најновите технологии и практики за одржливост.
Активности по обуката Еколошка одржливост и технолошки развој
По обуката за Еколошка одржливост и технолошки развој следеа активности кои ги реализираа наставниците кои беа дел од обуката.
Активностите се однесуваа на
-
Дисиминација на обуката
-
Одржување на наставен час по една од областите: одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, органско земјоделство, обновливи извори на енергија и употреба на нова технологија.
Дисиминацијата на обуката ги опфати наставниците по стручни предмети во училиштата. Секој од наставниците кои беа дел од обуката за Еколошка одржливост и технолошки развој, во текот на месец септември 2025 година одржа еднодневна обука. Одржани се вкупно 13 обуки на наставниците. Со обуката беа опфатени околу 170 наставници.
Наставните часови часови се одржаа со учениците во една од областите: одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, органско земјоделство, обновливи извори на енергија и употреба на нова технологија. Наставниците во нивните редовни работни ангажмани вклопија една од областите. Со добра координација помеѓу наставниците направена е синхронизирана активност да бидат опфатени сите 5 области. Одржани се вкупно 13 наставни часови. На наставните часови беа опфатени околу 190 ученици.
Сите документи можете да ги преземете ТУКА (.zip 1.59MB)