Позадина
Во рамките на проектот AgriTech Solutions: Иновативно СОО за одржливо земјоделство со р. број 2024-1-RS01-KA210-VET- 000244168, финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија се реализира активноста 1.2 Истражување за ажурирање на наставната програма.
Главната цел на овој проект е да го унапреди стручното образование и обука (СОО) во одржливото земјоделство преку воведување на учењебазирано на проекти (PBL), фокусирајќи се на одржливи и технолошки напредни земјоделски практики, инклузивност и пристапност за сите ученици.
Овој проект се стреми да ги соедини теоретските сознанија со практични апликации, со што ќе ги подготви учениците со потребните вештини за справување со современите земјоделски предизвици.
Цел на активноста
Целта на активноста е да се спроведе длабинско истражување за да се добијат потребните информации за ажурирање на наставната програма, фокусирајќи се на одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, органско земјоделство, обновливи извори на енергија и употреба на технологија во земјоделството.
Резултати од активноста
Собирани потребни информации за ажурирање на наставната програма за тековни индустриски увиди, најдобри практики и технолошки напредок преку преглед на литература, стручни консултации и теренски посети.
Применета методологија
Собирањето на потребни информации за ажурирање на наставната програма за тековни индустриски увиди, најдобри практики и технолошки напредок преку преглед на литература, стручни консултации и теренски посети
Сите документи можете да ги преземете ТУКА (.zip 21.1MB)