Menu Close

Презентација на ученички проекти на транснационален настан

Позадина

Во рамките на проектот AgriTech Solutions: Иновативно СОО за одржливо земјоделство со р. број 2024-1-RS01-KA210-VET-000244168, финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија се реализира активноста 3.3.Презентација на ученички проекти на транснационален настан.
Главната цел на овој проект е да го унапреди стручното образование и обука (СОО) во одржливото земјоделство преку воведување на учење базирано на проекти (PBL), фокусирајќи се на одржливи и технолошки напредни земјоделски практики, инклузивност и пристапност за сите ученици. Овој проект се стреми да ги спои теоретските сознанија со практични апликации, со што ќе ги опреми учениците со потребните вештини за справување со современите земјоделски предизвици.

Цел на активноста 

Транснационалниот настан имаше за цел да се прикажат проектите предводени од ученици на поширока публика, вклучувајќи ги засегнатите страни и од Србија и од Северна Македонија, поттикнувајќи прекугранична соработка и размена на знаење.
Презентација на ученички проекти на транснационален настан се организира во периодот од 12-14 декември 2025 година во Средња школа „Свети Трифун“ са домом ученика Александровац, Србија. На транснационалниот настан присуствува засегнати страни – ученици, наставници, индустриски професионалци и креатори на политики од Србија и од Северна Македонија. Овој настан ја олесни размената на идеи, најдобри практики и потенцијални партнерства помеѓу засегнатите страни и успеа да поттикне транснационална соработка и вмрежување.

Целна група

Целната група опфати неколку клучни учесници и корисници:
Примарни учесници
Ученици за стручно образование и обука
Едукатори обучени за PBL
Секундарни учесници
Засегнати страни од Србија и Северна Македонија (образовни власти, професионалци од индустријата и други релевантни чинители).
Корисници
Ученици и едукатори во пошироката заедница за стручно образование и обука:
Земјоделски сектор
Креатори на образовна политика и институции
На настанот пруисуствуваа повеѓе од 100 посетители од С.Македонија и Србија.
 

Опис на активноста

Оваа активност обеезбеди презентација на 10 развиени проекти предводени од ученици, од кои секој се однесува на посебни предизвици во земјоделскиот сектор. Овие проекти инкорпорираат одржливи практики, прецизно земјоделство и дигитални технологии, покажувајќи ја способноста на учениците да го применат своето учење во креирањето решенија за проблеми од реалниот свет.
Преку оваа активност учениците покажаа зголемен ангажман во нивните образование, поттикнати од можноста да работат на значајни проекти од реалниот свет.
Вештините за решавање проблеми, тимска работа, управување со проекти и технички компетенции специфични за земјоделството бележат значително подобрување.
Едукатори кои ги водат ученичките проекти како ментори успеаа ја зацврстат својата експертиза во методологиите за учење базирани на проекти. Нивното успешно менторство во оваа активност служи како практична примена на нивната обука за PBL, унапредувајќи ги нивните педагошки вештини и доверба во олеснувањето на учењето предводено од учениците.
Сите документи можете да ги преземете ТУКА
Сите презентации можете да ги погледнете ТУКА (YouTube канал на проектот)