Во периодот од јануари до март 2025 година тимови од наставници од Србија и Македонија релизираа теренски посети на компании/организации/институции кои делуваат во областа на одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, органско земјоделство, обновливи извори на енергија и употреба на технологија во земјоделството.
Реализирани се неколку теренски посети кај различни земјоделски субјекти со цел непосредно запознавање со добри практики и современи решенија во областа на одржливото и технолошки напредно земјоделство. Посетени се компании кои користат соларни колектори за загревање на вода во пластениците, како и биомаса како алтернативен извор за греење, автоматизирани системи за наводнување (капка по капка), сензори за почва и светлина, LED осветлување за раст, дигитални апликации за мониторинг и управување, ротација на култури, компостирање, органско ѓубрење, ограничена употреба на хемикалии, соларни панели и ефикасни системи за наводнување со сензори за влага, органски семенски материјал, природни ѓубрива и биолошки препарати, еколошка амбалажа за пакување на производи, дигитално почвено мапирање (ПОЧВА), RAMAS систем за далечинско мониторирање, дронски NDVI анализи, геолокациско земање примероци, IoT уреди и AI за управување со фарми.
Овие теренски активности овозможија директен увид во современите практики и технологии кои придонесуваат кон поефикасно, еколошко и економски одржливо земјоделство, и даваат основа за нивна примена и адаптација во образовниот процес.