Menu Close

Презентација на ученички проекти на транснационален настан

Позадина

Во рамките на проектот AgriTech Solutions: Иновативно СОО за одржливо земјоделство со р. број 2024-1-RS01-KA210-VET-000244168, финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија се реализира активноста 3.3.Презентација на ученички проекти на транснационален настан.

Главната цел на овој проект е да го унапреди стручното образование и обука (СОО) во одржливото земјоделство преку воведување на учење базирано на проекти (PBL), фокусирајќи се на одржливи и технолошки напредни земјоделски практики, инклузивност и пристапност за сите ученици. Овој проект се стреми да ги спои теоретските сознанија со практични апликации, со што ќе ги опреми учениците со потребните вештини за справување со современите земјоделски предизвици.

Цел на активноста 

Транснационалниот настан имаше за цел да се ​​прикажат проектите предводени од ученици на поширока публика, вклучувајќи ги засегнатите страни и од Србија и од Северна Македонија, поттикнувајќи прекугранична соработка и размена на знаење.

Презентација на ученички проекти на транснационален настан се организира во периодот од 12-14 декември 2025 година во Средња школа „Свети Трифун“ са домом ученика Александровац, Србија. На транснационалниот настан присуствува засегнати страни – ученици, наставници, индустриски професионалци и креатори на политики од Србија и од Северна Македонија. Овој настан ја олесни размената на идеи, најдобри практики и потенцијални партнерства помеѓу засегнатите страни и успеа да поттикне транснационална соработка и вмрежување.

Целна група

Целната група опфати неколку клучни учесници и корисници:

Примарни учесници

Ученици за стручно образование и обука

Едукатори обучени за PBL

Секундарни учесници

Засегнати страни од Србија и Северна Македонија (образовни власти, професионалци од индустријата и други релевантни чинители).

Корисници

Ученици и едукатори во пошироката заедница за стручно образование и обука:

Земјоделски сектор

Креатори на образовна политика и институции

На настанот пруисуствуваа повеѓе од 100 посетители од С.Македонија и Србија.

Опис на активноста

Оваа активност обеезбеди презентација на 10 развиени проекти предводени од ученици, од кои секој се однесува на посебни предизвици во земјоделскиот сектор. Овие проекти инкорпорираат одржливи практики, прецизно земјоделство и дигитални технологии, покажувајќи ја способноста на учениците да го применат своето учење во креирањето решенија за проблеми од реалниот свет.

Преку оваа активност учениците покажаа зголемен ангажман во нивните образование, поттикнати од можноста да работат на значајни проекти од реалниот свет.

Вештините за решавање проблеми, тимска работа, управување со проекти и технички компетенции специфични за земјоделството бележат значително подобрување.

Едукатори кои ги водат ученичките проекти како ментори успеаа ја зацврстат својата експертиза во методологиите за учење базирани на проекти. Нивното успешно менторство во оваа активност служи како практична примена на нивната обука за PBL, унапредувајќи ги нивните педагошки вештини и доверба во олеснувањето на учењето предводено од учениците.

Агенда за транснационалниот настан

12.Дек. 2025 Пристигнување и сместување
Агенда 12 Декември 2025
15:0015:30 Регистрација на учесниците
Отварање на транснационалниот настан и добредојде
15:30- 16:30 Обраќање на г-дин Бранко Рајчиќ – Претседател на Удружење стредњих школа подручја рада пољопривреда, производња и прерада хране

Обраќање на г-дин Игор Николов – Претседател на здружение на средни училишта Тера Фитон Анимал

Отварање на транснационалниот настан – г-дин Бранко Рајчиќ и г-дин Игор Николов

17:00- 17:30 Учење базирано на проекти – г-дин Бранко Алексовски
17:30- 18:00 Утврдување на редоследот на натпреварувачите – Претседател на комисија за евалуација на проектите
18:00 Вечера
Агенда 13 Декември 2025
08:3009:00 Регистрација на учесниците
Презентација на проектите
09:00- 14:00 Презентација на проектите – Комисија за евалуација на проектите

Презентација

–         Секој од проектите ќе добие 20-30 минути за презентација на проектите

14:00-15:00 Ручек
16:30- 18:00 Дружење на учесниците и размена на искуства

Сумирање на резултатите од комисијата

Состанок на двете здруженија на средни училишта

18:00 Соопштување на резултатите

Доделување на награди и признанија

Вечера

14.Дек. 2025 Заминување на учесниците

Презентирани се следните проекти:

Реден број Име на училиште Место од каде доаѓа Тема со која учествуваа
1.       Пољоприведно -шумарска школа Јосиф Панчиħ Сурдулица, Р Србија Употребља соларних панела за загревање пластеника на економији Пољопривредно – шумарске школе „Јосиф панчиħ
2.       СОУ Орде Чопела Прилеп, РС Македонија Органско производство

Заштита на лозата од гроздовиот молец

3.       СОУУД Димитар Влахов Струмица, РС Македонија Да помогнеме за развој на локалниот пазар на земјоделски производи во струмичкиот регион
4.       Пољоприведна школа Шуматовац Алексинац, Р Србија Употреба нових технологија у пољопривреди – „Употреба хидропоније у хортикултури“
5.       Пољоприведна школа Радош Јовановиќ Сељан Прокупље, Р Србија Да помогнемо нашој школи у продаји наших производа у Топличком округу
6.       СОУ Кочо Рацин Св Николе, РС Македонија Моја градина – моја трпеза

Како до здрава и безбедна храна во сопствен двор?

7.       ДСУ- регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ Куманово, РС Македонија Да поразговараме со почвата – дигитално картирање на плодноста
8.       Средња школа „Свети Трифун“ са домом ученика Александровац, Р Србија Органска производња микробиља

Како различити супстрати утичу на раст и  развој микробиља?

9.       Пољоприведна – хемиска школа др Ћорће Радиħ Краљево, Р Србија Прецизна пољопривреда

Примена напредних технологија у циљу смањења  трошкова производње луцерке и истовремено добијање високих, сигурних  и еколошко прихватљивих  приноса

10.    Државно средно училиште – регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ Тетово, РС Македонија Како да создадеме обновливи извори на енергија преку земјоделското производство

Презентацијата на проектите се одвиваше според распоредот на училиштата добиен со жребубање предходниот ден.

Проектите се презентирани пред Комисија за евалуација на проекти предводени од ученици кои се фокусирани на иновативни решенија во земјоделството, во состав:

  • Бранко Алексовски – Претседател на комисијата – Консултант во проектот, РС Македонија
  • Саша Рашковиќ – член на комисијата – Агрономска консултантска служба, Р Србија
  • Радомир Бушатовиќ – член на комисијата – Пољоприведна саветодавна стручна служба, Р Србија
  • Соња Славковиќ – член на комисијата – Центар за развој на стручно образование и обука, РС Македонија
  • Ненад Андрејиќ – член на комисијата – Општинска управа Александровац, Р Србија
  • Мирјана Христовска – член на комисијата – СОУ „Цар Самоил“, РС Македонија

По завршувањето на сите презентации, Комисијата пристапи кон поединечно оценување на секој проект согласно претходно утврдените критериуми: иновативност, применливост на решението, квалитет на презентацијата и тимска работа.

Членовите на комисијата истакнаа дека:

  • Сите екипи покажаа високо ниво на подготвеност и креативност.
  • Проектите нудат реални решенија за актуелните предизвици во земјоделството во двете земји.
  • Посебно беше истакната дигитализацијата и еколошкиот пристап во повеќето решенија.
  1. Резултати и рангирање:

Врз основа на збирните бодови од сите членови на комисијата, утврдено е следното рангирање:

Реден број Училиште Писмен дел Практичен дел – презентација Вкупно
1.       Пољоприведно -шумарска школа Јосиф Панчиħ Сурдулица 64 22 86
2.       СОУ Орде Чопела – Прилеп 67 24 91
3.       СОУУД Димитар Влахов – Струмица 71 24 95
4.       Пољоприведна школа Шуматовац – Алексинац 69 21 90
5.       Пољоприведна школа Радош Јовановиќ Сељан – Прокупље 70 22 92
6.       СОУ Кочо Рацин – Св. Николе 74 24 98
7.       ДСУ- регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“  – Куманово 70 23 93
8.       Средња школа „Свети Трифун“ са домом ученика – Александровац 73 24 97
9.       Пољоприведна – хемиска школа др Ћорће Радиħ – Краљево 72 24 96
10.    Државно средно училиште – регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ – Тетово 68 24 92
  • Прво место: СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе
  • Второ место: Средња школа „Свети Трифун“ са домом ученика, Александровац
  • Трето место: Пољоприведна – Хемиска Школа „Др. Ћорће Радиħ“ , Краљево

Централната комисија со гордост констатира дека целите на проектот се целосно исполнети. Овие млади иноватори докажаа дека земјоделството веќе не е само традиционална гранка, туку модерно поле за инженеринг и креативност. Нивниот ентузијазам и стручноста на нивните ментори се најсилниот гарант дека патот кон одржливото земјоделство е веќе трасиран.

Со овој настан, „AgriTech Solutions“ постави нов стандард за тоа како треба да изгледа современото стручно образование – иновативно, поврзано и свртено кон иднината.

Настанот заврши со заедничко дружење и доделување на признанија.

Погледнете ги сите проекти на ОВОЈ ЛИНК

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *