Menu Close

Втор транснационален состанок

На 14 и 15.07.2025 година во Свети Николе, се одржа вториот меѓународен Транснационален  дводневен проектен  состанок помеѓу Здружението на земјоделски и ветеринарни училишта Тера Фитон – Анимал, Скопје, Република Северна Македонија и Здружението на Земјоделски и прехранбени училишта од Република Србија.

На почетокот на состанокот, беа разгледани целите, очекуваните резултати, предизвиците, планираните активности, административните и финансиските аспекти.

На состанокот е проектниот план и активностите.

Активностите 1.2 и 1.3  кои се однесуваат на истражувањето за  ажурирање на постојната наставна програма за стручно образование и обука, но и ажурирањето се реализирани. Истражувањето ја оправда потребата за вклучување во наставните програми на модули за одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, обновливи извори на енергија во земјоделството и употреба на технологија во управувањето со земјоделските култури и почвата.

Активноста 1.4 треба да обезбеди подобрување на вештините на едукаторите за стручно образование и обука преку методологии за учење засновани на проекти. Оваа обука ќе се одржи во август 2025 година. Беа дефинирани и задолженијата кои ќе ги добијат учесниците на обуката. Во рамките на оваа активност и покрај тоа што не е планирана изработка на прирачник се донесе заклучов да  биде изработен и стручен прирачник од кој што ќе имаат корист пред се стручните земјоделско – прехранбените училишта, компаниите каде што се реализира практичната едукативна настава, сите вработени  и целата општествено – економска заедница.

По оваа обука следи обуката за наставници за Учење базирано на проекти. Обуката  ќе има за цел наставниците да се стекнат со знаења и вештини неопходни за имплементирање на PBL во нивните училници. Со обука на едукатори за учење базирано на проекти (PBL), оваа активност осигурува дека наставниот кадар е добро опремен да ја испорача ажурираната наставна програма на начин кој не само што е ангажиран, туку и ги одразува земјоделските практики од реалниот свет.Овој практичен пристап кон учењето фокусиран на учениците се очекува значително да го подобри квалитетот на образованието и резултатите на учениците.

На координативниот состанок беше кажано дека обуката ќе се организира во периодот од 01-05 октомври  2025 година (5 работни дена) во Mayberry Highway Hotel, Свети Николе. На обуката ќе присуствуваат 10 наставници од средни земјоделски училишта од Србија и Северна Македонија.

На почетокот на вториот работен ден на 15.07.2025 година,  Одговорните за проектните активности Г – дин Игор Николов и Г – дин Бранко Рајчиќ го истакнаа Прегледот  на планираните чекори за  подобрување на вештините на едукаторите за стручно образование и обука преку учење базирано на проекти преку имплементација на неколку разработени Методологии.
Во продолжение беа разработени и истакнати од страна на работната група прашањата поврзани со управување со проекти и документи за известување.

Разглкедани се и активностите за мониторингот  на проектот, времето, начинот за следење и евалуација на квалитетот и активностите од проектот, како и резултатите од него.

Исто така на состанокот се одлучи да се подготват и повеќе десеминациски активности, направена е WEB страна и профил на социјалната мрежа Facebook. Оваа активност беше кажано на состанокот ја превзема македонската страна.

На крајот од овој Транснационален  дводневен проектен  состанок беа доделени и сертификати за учество во овој настан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *