Во периодот од јануари до март 2025 година тимови од наставници од Србија и Македонија селизираа активност со која се направи преглед на постоечката литература и на постоечките квалификации за одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, органско земјоделство, обновливи извори на енергија и употреба на технологија во земјоделството.
Оваа активност опфати
Преглед на достапна литература и материјали
Преглед на постоечки квалификации
Преглед на достапна литература и материјали
Оваа активност опфати истражување на достапната литератира и материјали. Креирани се листи со достапна литература и материјали за одржливи земјоделски практики, прецизно земјоделство, органско земјоделство, обновливи извори на енергија и употреба на технологија во земјоделството. Идентификуваните литература и материјали се ставени во извештај.
Прегледот на литературата покажува јасна конвергенција на одржливите земјоделски практики и дигиталните технологии. Прецизното земјоделство и употребата на обновливи извори на енергија претставуваат алатки за постигнување одржливо производство, особено во услови на климатски промени. Органското земјоделство, иако поинтензивно во сертификација, нуди здрав и еколошки производ. На крајот, дигитализацијата е клучен катализатор за развој, особено во земјите во развој како Србија и Северна Македонија.
Преглед на постоечки квалификации
Оваа активност опфати анализира на постоечките квалификации во секторот земјоделство за застапеноста на одржливите земјоделски практики, прецизното земјоделство, органското земјоделство, обновливите извори на енергија и употребата на технологија во земјоделството.
Прегледот на постоечки квалификации покажа дека одржливите земјоделски практики, прецизното земјоделство, органското земјоделство, обновливите извори на енергија и употребата на технологија во земјоделството се застапени во образовниот систем. Нивната застапеност во квалификациите/профилите варира во зависност од перидот кога е создадена квалификацијата и кои потребни компетенции треба да ги развијат учениците. Постојат квалификации/профили во кои овие 5 области се минимално застапени.
Евидентиран е и јаз помеѓу застапеноста на областите по предмети и содржини и потребите на секторот, односно пазарот на трудот за одредени компетенции кај учениците.
Препораките одат во насока на задоволување на потребите од одредени кометенции во овие области преку воведувањена нови наставни содржини кои ќе ги опфатат новите технолошки решенија во секторот.